Ragusa Group · Зимски свадби 2027

Сите чекаат лето.Таа не.

Зимска свадба во Ragusa. Повеќе слободни датуми, поповолни услови и целосно внимание на деталите.

3
Простори
Јан — Апр
Зимска сезона
150 — 350
Капацитет
1
Ваша приказна
Локации

Три локации. Една приказна.

Секоја локација носи своја атмосфера. Изберете ја онаа што личи на вас.

Панорама · модерно

Модерна елеганција и панорамски поглед над градот. За свадба со дах на височина.

Романтика · центар

Романтична атмосфера во срцето на градот. Топло, интимно, препознатливо.

Ragusa 919
Раскош · прослава

Простор за незаборавна прослава. Кога денот бара размер и раскош.

Зимска предност

Зошто зимска свадба?

Зимата не е компромис. Често е попаметниот избор за вашиот ден и вашиот буџет.

01
Поголем избор на датумиНајбараните термини во лето се полни со месеци однапред. Зимата ви остава простор да изберете.
02
Поповолни условиНадвор од шпицот на сезоната, условите за локацијата се подобри за вас.
03
Подобра достапностМузичари, фотографи и останати професионалци се послободни и подостапни.
04
Заштеди на терминот, вложи во моментотЗаштедата од зимскиот термин ја вложувате таму каде што навистина се памети.

Повеќе можности. Помалку компромиси.

Прашања

Двете прашања што сите ги имаат

„Што ако е лошо времето?“

Времето не може да го испланирате, но вашата свадба можете. И лето знае да изненади. Најважно е да изберете простор и организација на кои можете да им верувате.

„Ќе можат ли сите да дојдат?“

Пролет и лето се сезона на одмори и патувања. Во зима шансите вашиот датум да се поклопи со нечиј одмор се помали. Помалку „не можам“, повеќе „се гледаме на свадба“.

Атмосфера

Една минута кажува повеќе од целата страница

Зимска понуда 2027

Вашата зимска свадба во Ragusa

Специјална понуда за свадби во зимските месеци. Дознајте ги деталите и закажете состанок без обврска.

Зимски бенефит

Пакет со додатни услуги за термини во зимските месеци.

Фиксен попуст

Јасен попуст на менито, договорен на состанокот.

Личен менаџер

Едно лице што ве води од првиот состанок до последниот танц.

Ограничен број зимски термини
Приказни

Приказни што веќе се случија тука

Свадбите се доверба. Еве што велат оние што веќе го поминаа својот ден кај нас.

“

Прекрасно место за свадбени прослави! Одлична организација, беспрекорна услуга и професионален персонал кој се погрижи сè да биде совршено. Посебно благодарам до Бојан и Филип. Се погрижија за сè да биде совршено!

Park ресторан
“

Имавме прекрасна свадба и навистина сме презадоволни од целокупното искуство. Од пречекот, организацијата, услугата па сè до најситните детали, сè беше на одлично ниво.

Ragusa 360
“

Едно големо браво за целиот тим! Свадбата помина одлично, атмосферата беше прекрасна, а ние како гости уживавме од прв до последен момент. Персоналот беше љубезен, услужлив и секогаш присутен кога требаше.

Ragusa 919

Оставете датум. Ќе ви се јавиме.

Без обврска, само оставете приближен датум и телефон и менаџерот ќе ви се јави за подетални информации.

Оставете датум и телефон

Менаџерот ќе ви се јави и ќе ви каже сè по телефон.

Со испраќање се согласувате Ragusa Group да ве контактира во врска со вашето барање.

Благодариме!

Го примивме вашиот датум и телефон. Менаџерот ќе ви се јави наскоро.

Ragusa Group

Скопје · Зимски свадби 2027